Крводарителска акција
На 31.03.2016 година во нашето училиште се одржа Крводарителска акција на која учествуваа голем број ученици и наставници. Традиционално најмалку двапати во годината учениците и наставниците ја покажуваат својата хуманост на дело, дарувајќи ја најскапоцената течност за сите оние на кој им е неопходна. Голем број од учениците кои наполнувајќи 18 години прв пат даруваат крв, понатаму стануваат редовни крводарители , а со тоа и похумани и поодговорни луѓе.