Вонредни уписи

Вонреден упис на кандидати

Вонредните ученици се лица кои образованието го стекнуваат со самообразование, по пат на полагање испити за одреден предмет и програма во училиштето.
Како вонреден ученик може да се запише лице кое исполнува еден од следните услови:

  • да е постар од 17 год.
  • да е на боледување подолг период;
  • да е во работен однос и
  • да го изгубил статусот на редовен ученик по било кој основ.

Во зависност од претходно завршеното образование во нашето училиште вонредното образование може да се реализира на неколку  начина :

  1. За ученици кои имаат  завршено основно образование или го имаат прекинато средното образование од било кои причини важи класичниот начин на вонредно полагање. За упис во III-ти или IV-ти степен кандидатот треба да уплати :
  • 3000 ден за упис на година на жиро сметката на училиштето
  • 600 ден за полагање на испит на жиро сметката на училиштето
  • 1000 ден за полагање на испит од практична настава на жиро сметката на училиштето
  • 50 ден административна такса на Буџетската сметка за пријава за упис и за пријава за полагање
  1. За ученици кои имаат завршено III степен од одредени образовни профили ,односно ССО со тригодишно траење овозможено е продолжување на образованието во IV степен ,односно во ССО со четиригодишно траење  по вертикална проодност по посебни програми одобрени од МОН .Вертикалната проодност вклучува 5 ( пет)  испити , а потоа кандидатот продолжува во 4 ( четврта)  година од соодветната струка.

За упис во вертикална проодност кандидатот треба да уплати :

  • 2500 ден за упис на жиро – сметката на училиштето
  • 300 ден за полагање на општообразовен предмет на жиро – сметката на училиштето
  • 1000 ден за полагање на стручен предмет на жиро – сметката на училиштето
  • 50 ден за административна такса на Буџетската сметка за пријава за упис и пријава за полагање на испити
  1. За ученици кои имаат завршено III степен од одредени образовни профили ,односно ССО со тригодишно траење кои сакаат да завршат IV степен односно четиригодишно образование,а не се опфатени во програмите за вертикална проодност истото право можат да го остварат со полагање на Модуларни пакети во зависност од образовниот профил.По полагањето на овие пакети кандидатот може да запише IV година од соодветната струка.За упис со модуларни пакети важат условите за обично вонредно полагање (како под 1.)

Потребни документи за вонреден упис

  • Оригинал свидетелства и диплома  од претходно завршено образование
  • Извод  од матичната книга на родените
  • Барање за вонреден упис – кај секретарот во училиштето
  • Уплатница за вонреден упис

Во текот на една учебна година училиштето организира  9  испитни сесии и тоа во следните месеци:  октомври, ноември,  декември, февруари, март, април, мај, јуни и август.

Кандидатите во текот на една сесија можат да пријават максимум 3 испита.

Првата недела од месецот се  врши пријавување на испити.

На почетокот на месецот се објавува распоред за полагање на испити  кој ќе биде објавен и на веб –страната на училиштето.

Додека кандидатот не заврши со полагање од една наставна година не може да пријави и полага предмети од друга наставна година.

Пријавувањето на испитите се врши во педагошката служба во училиштето со претходно извршена уплата за предметите и административна такса, со пополнување на пријава и записници за испитите кои кандидатот планира да ги полага.


Струки и образовни профили  во кои кандидатите можат вонредно да се школуваат:

Во училиштето се образуваат и оспособуваат кадри за следниве профили:
Во рамките на електротехничката струка постојат следниве образовни профили со четиригодишно траење:

  • Електротехничар-енергетичар
  • Електротехничар за електроника и телекомуникации
  • Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

Во рамките на машинската струка постојат следниве образовни профили со четиригодишно образование:

  • Техничар за компјутерско управување
  • Машински техничар
  • Машински енергетски техничар
  • Автотехничар – мехатроничар

со тригодишно образование:

  • Машински механичар – ГТЗ програма
  • Конструкциски механичар – ГТЗ програма

Во рамките на  угостителско-туристичката струка  со четиригодишно образование:
постои образовниот профил:

  • Хотелско – туристички техничар

со тригодишно образование:

  • Келнер – готвач