Кариерен центар
Од 2013/2014 година во нашето училиште започна со работа Кариерениот центар. Отварањето на Кариерни центри во средните училиштата е во склоп на YES проектот на USAID – Младинска мрежа за подготовка за вработување. Toa e проект чија цел е да се зајакнат суштинските врски помеѓу потребите на пазарот на трудот и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем. Кариерните центри во училиштата ќе бидат места каде младите ќе се состануваат, ќе добиваат насоки за кариерниот развој и ќе ги подобруваат своите вештини за вработување. Во Кариерниот центар младите ќе можат да добијат корисни совети во врска со нивното определување за натамошно школување или во врска со нивното вработување по завршувањето на средното образование.
Партнери на USAID во YES Мрежата се и Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука.Во соработка со нив изготвени се програми за “Подготовка за вработување и работа” за III година, “Учење преку работа” за IV година и “Планирање на кариера” за II година.Целта на програмите помеѓу другото е да им се овозожи на младите да се стекнат со таканаречените меки вештини , односно комуникациони и организациони вештини кои ќе им помогнат во поуспешно наоѓање на работа и напредување во истата.
Активности
Средба со претприемач, корисник на програмата за самовработување
Редовни активности
2013/14





Организација на забава за денот на вештерките
Една од активностите на Кариерниот Центар во СОУ Коле Нехтенин беше и организацијата и реализацијата на Halloween Party на 31.10.2013 со цел запознавање на останатите ученици за постоењето на Кариерниот Центар. Овие активности ги започнаа дел од учениците од II-4 клас , на кој со голем интерес се приклучија и ученици од III-3,IV-3,I-2,III-5.На забавата присуствуваа и претставници на Американското Катче и Американскиот мировен корпус Марија Георгиева и Laura Celeste ,така да учениците имаа можност на англиски јазик да слушнат за празнувањето на овој ден во Америка како и да ја вежбаат својата конверзација на англиски јазик. За забавата ,целосно тематски беше украсен Кариерниот центар со творби (цртежи,украси,идејни решенија) на самите ученици.Присутните имаа можност да играат и игри кои се карактеристични за овој празник. Со реализирањето на оваа забава учениците почувствуваа дека со ангажираност и посветеност, секоја нивна креативна идеја може да се реализира , а Кариерниот Центар е тука да им помогне во тоа. Во подготовките на настанот најголем допринос дадоа следните ученици Стоилова Кристина, Донева Драгана, Димитрова Бојана, Лазарова Џоана, Младеновска Симова, Штерјова Марија и Андоновски Филип од II-4 клас, Савевска Ирена и Костовска Сара од III-3 клас и Арменска Бранка и Стојменова Анастасија од IV-3 клас.Од наставниците на забавата присуствуваа Лидија Кишишева , Драгана Басарова и Томе Коловски,а свој удел во подготовките дадоа и кабинетот за електроника, кабинетот за угостителство и машинската работилница.,како и директорот на училиштето со одобрување на скромните финансиска барања за организацијата на настанот.





Стоп за семејно насилство



Работа на Дебатен клуб




