Машинска струка
Со четиригодишно образование:
Образовниот профил техничар за компјутерско управување може:
– да моделира и конструира машински елементи и склопови со компјутер;
– да конфигурира електропневматски и хидраулични системи;
– да програмира програмабилни логички контролери;
– да програмира компјутерски управувани машини;
– примена на CAD – CAM технологии;
– да проектира производствени технолошки процеси и системи;
– да го контролира квалитетот на готовите производи;
– да идентификува неисправности на компјутерски управувани машини и системи настанати во тек на експлоатацијата;
– да се грижи за хигиенско – техничката заштита;
– да се грижи за заштита на животната средина;
Времетраење на образовниот профил: 4 години
Машинскиот техничар е оспособен:
– да ги применува знаконитостите од механиката, хидрауликата и топлотехниката;
– да организира работни задачи од областа на механизацијата и автоматизацијата во производните и непроизводните процеси;
– да применува теортски знаења за машинските елементи во машинското производство;
– да го користи компјутерот за изготвување на технички дизајн;
– да ја користи компјутерстката библиотека за Autocad;
– да го одржува алатот, приборот и машините;
– да ја контролира исправноста на машините, алатите и точноста на габаритите на машинските елементи;
– да монтира машнски елементи;
Времетраење на образовниот профил: 4 години
Број на ученици: 34
Број на паралелки: 1
Минимум потребни поени: 45
Образовниот профил машинско-енергетски техничар е способен:
– Да ги применува законитостите од механиката, хидрауликата и топлотехниката;
– Да организира работни задачи од областа хидротехниката и пневматиката;
– Да ги применува теоретските знаења за машинските елементи во дизајнирање на цилиндри, клипови, цевни елементи, затнувачи;
– Да ја користи компјутерската библиотека за CAD и да го користи компјутерот за изготвување на технички дизајн;
– Да го одржува алатот, приборот и машините а притоа да ја контролира исправноста на термоуредите, хидрауличните уреди, компресорските и ладилните уреди и др.;
– Да монтира машински елементи;
– Да открива грешки во изведените мали системи за климатизација;
– Да монтира и демонтира инструменти за мерење на хидраулични, компресорски и термопостројки.
Времетраење на образовниот профил: 4 години (III ниво)
Број на ученици: 34
Број на паралелки: 1
Минимум потребни поени: 45
Со изучување на образовниот профил автотехничар – мехатроничар, ученикот се здобива со знаења од областа на математиката, физиката, техничкото цртање, машинските елемнти, технологијата на моторните возила, контролната технологија, како и електротехниката и електрониката.
Со тригодишно образование:
По завршувањето на училиштето ученикот е способен за следниве работни задачи:
- одржување и поправка на машини и системи;
- монтирање и демонтирање делови и групи од елементи;
- лоцирање и отстранување неисправности;
- пролагодување, преправање и проширување погонски системи;
- изработување резервни делови и конструкциски елементи.
Образовниот профил конструкциски механичар може да:
-подготвува елементи: лимови, профили и цефки за спојување на конструкции и цевководи;
-спојува разни видови конструкции и цевководи со помош на завртки и навртки;
-спојува со електролачно и гасно заварување елементи во конструкции и цевководи;
-спојува елементи во конструкции со МИГ/МАГ постапка на заварување;
-одржува конструкции и транспортни ленти, кровни конструкции, контејнери и резервоари;
-изработува резервни делови и конструкциски елементи;
-учествува во транспорт на готови конструкции;
-применува хигенско – техничка заштита;
-се грижи за заштитата на работната и животната средина;
Времетраење на образовниот профил: 3 години
Број на ученици: 24
Број на паралелки: 1
Минимум потребни поени: 30