Размена на наставници и ученици во рамките на проектот „Социјална кохезија во средните училишта“

Во рамките на проектот „Социјална кохезија во средните училишта“, реализиран од страна на организацијата „Центар за граѓанска иницијатива“ – Прилеп на ден 10.III.2016 се реализира размена / посета на ученици и професори помеѓу училиштата СОУ „Коле Нехтенин“ од Штип, како гостин и СЕОУ „ГОСТИВАР“ од Гостивар како домаќин училиште. Наставници кои учествуваат во проектот од СОУ„Коле Нехтенин“ се Сузана Арсова, Лиљана Манова и Катерина Стефановска кои заедно со деветнаесет ученика од втора, трета и четврта година ја реализираа посетата на училиштето во Гостивар.

Посетата се состоеше од два дела:работен, формален и неформален односно време за дружење. Во формалниот дел се одржа работилница во која учениците од СОУ„Коле Нехтенин“и СЕОУ„Гостивар“во мешани групи работеа задачи од ЈАС-говор и потоа дебатираа на тема „Врснички конфликти“, при што аргументирано ги изнесуваа своите согледувања и ставови за причините кои најчесто доведуваат до врснички конфликти, како и начини за решавање на истите. Во неформалниот дел се продолжи со дружењето при што домаќините ги претставија знаменитостите на градот и потоа следуваше ручек во ресторан „Парк“ Гостивар. Посетата заврши во доцните попладневни часови, часот кога учениците безбедно се вратија во Штип

Пишува за настанот

Професор Сузана Арсова

4834785 orig
« 1 of 6 »

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *