Одржани часови во основните училишта од наши ученици!

СОУ ,,Коле Нехтенин” – Штип неделава беше присутно во основните училишта од нашата општина. Тим составен од четири наши ученика, Иван Стојановски, Драган Дончевски, Бобан Герасимовски и Давид Киров, под менторство на професор Александра Романова Тасевски, одржа часови по иновации во основните училишта ООУ ,,Ванчо Прќе”, ООУ ,,Димитар Влахов”, ООУ ,,Тошо Арсов”, ООУ ,,Гоце Делчев” и ООУ ,,Славејко Арсов”. Беа презентирани изработките од часовите по вежби, од областа на роботиката и автоматиката, како и програмирањето.

Беше објаснет и начинот на учење и практична примена на наученото во нашето училиште, со што учениците се запознаа со дел од содржините кои се изучуваат кај нас. Изработките од нашите ученици предизвикаа голем интерес кај основците и истите беа полни со прашања и задоволни од наученото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *