Проект – „За роднокраецот Шопов”

На 25.4.2023 во НУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Штип, во просториите на Роднокрајното одделение кое со гордост го носи името на нашиот голем поет Ацо Шопов се одржа прекрасен литературно-книжевен настан во рамките на проектот „За роднокраецот Шопов” посветен на нашиот роднокраен поет Ацо Шопов.

Ученици од средните училишта со многу љубов и емоции интерпретираа најубави стхови од неговата поезија.

Претставник од нашето училиште СОУ „Коле Нехтенин“ беше Марија Димитриевска, ученичка во прва годин, -I-3 клас, под менторство на наставничката по македонски јазик и литература Силвана Андонова-Иванова. Таа со својата прекрасната интерпретација на „Тажачка од онаа страна на животот“ е пример и инспирација за сите ученици да се сака и да се почитува ликот и делото на Ацо Шопов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *