Презентација на Универзитетот од Нова Горица – Словенија

На 11 април 2017 година пред учениците од завршните класови презентации одржаа претставници на Универзитетот во Нова Горица Словенија.Тие го претставија нивниот универзитет и истовремено им ги објаснија на учениците условите за студирање во Словенија.Дел од презентерите беа македонски студенти во Нова Горица,а еден од нив Денис Петров е наш поранешен ученик, па учениците можеа да добијат и поблиски информации за студентскиот живот и можностите кои се нудат при студирање во Словенија.

Професорката од Универзитетот во Нова Горица Вероника Пицинини  му понуди на нашето училиште можности за соработка и за заедничко учество во Европски проекти,што со задоволство беше прифатено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *