Школа за ориентација и топографија

Во период од 7 до 10 Април во Извиднички Центар Охрид се одржа школа за ориентација и топографија.Школата беше одржана од страна на Сојуз на извидници на Македонија.На истата учествуваа околу 40 извидници од цела Македонија.

Од штипскиот одред Еквинокс земаа учество 7 извидници, меѓу кои и нашите ученици Драган Дончевски III-3, Дарио Ристов III-3 и Филип Малинов III-1, кои заедно со останати извидници од други одреди низ Македонија, преку дружба, забава и сесии се стекнаа со нови вештини во врска со ориентација кои ќе им служат во иднина. Браво за нашите извидници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *