Еднодневна работилница за отворен дијалог во просториите на МАНУ

На 27.1.2023 г. Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Машинскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ), заедно со партнерите Македонија 2025 и Халкбанка, организираа еднодневна работилница за отворен дијалог во просториите на Македонската академија на науките и уметностите.

Работилницата имаше за цел размена на мислења за иднината на образованието при што посебен фокус беше ставен на поттикнување на родовата еднаквост, зајакнат развој на STEM дисциплините (STEM – science, technology, engineering, mathematics), размена на иницијативи и искуства за дополнителна мотивација на учениците, како и фокус на зелени иновации во стручното образование и обука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *