Факултет за електротехника и информациски технологии ФЕИТ од Скопје

Денес во нашето училиште презентација одржа Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ од Скопје. Учениците имаа можност да се запознаат со студиските програми и можностите кои ги нуди овој факултет. Факултетот го претстави дипл.инж. по компјутерско инжинерство,автоматика и роботика Стефан Златинов кој е наш поранешен ученик, а кој сега работи како асистент на ФЕИТ. Ова е уште еден пример дека од нашето училиште излегуваат ученици со врвни знаења кои им овозможуваат напредок и успех во нивната натамошна кариера .

Leave a Reply

Your email address will not be published.