Детски Рацинови средби

На 10.11.2021 год. на Манифестацијата 54 Детски Рацинови средби, Димитриј Давитков, ученик од прва година во СОУ„Коле Нехтенин“, под менторство на професор Сузана Арсова доби пофалница за поетска творба во категорија за ученици од средно образование на тема „Детските соништа во мугрите“.

Неговата творба заедно со останатите наградени творби е издадена во поетска збирка на ученици-учесници на 54 Детски Рацинови средби под наслов „Детските сништа во мугрите“.На ученикот и менторот им посакуваме уште многу успеси и творење убави поетски зборови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *