Turn your mind green
Еразмус+ проектот TURN YOUR MIND GREEN подржан од Младинскиот борд во Штип (Youth on Board), од кој беше дел Лука Андонов од III-3 клас ,се одржа од 25.11.2021 до 06.12.2021 во планинското место Синаја, Романија.
Овој проект ги опфати сегашните еколошки проблеми на европските земји и каква штета се нанесува на човечката околина.Нашиот ученик Лука Андонов за неговото искуство вели: ,,Научив повеќе начини за одржливо, односно еко-живеење и како да го намалиме глобалното загадување во светот.Благодарение на овој проект , ја добив шансата да се запознаам со луѓе од Шпанија,Португалија,Романија и Италија, а исто така и со нивната култура.’’
Му честитаме за неговото учество во овој проект и им посакуваме на нашите ученици уште безброј вакви искуства.


