Одбележување на патрониот празник на СОУ Коле Нехтенин

По повод патрониот празник на нашето училиште пред споменикот на Коле Нехтенин на 20-ти мај се одржа пригоден рецитал за неговиот живот и револуционерно дело. Пред бистата на Коле Нехтенин свежо цвеќе положија директорот и наставници од нашето училиште ,претставници на борците, општинскиот просветен инспектор и претставници на политичките партии од Советот на општина Штип. Во просториите на училиштето на 22 мај се одржа пригодна програма за одбележување на патрониот празник. Ученици од нашето училиште, под менторство на наставничките по македонски јазик Јованка Шалева и Силвана Андонова, ги изведоа поетскиот рецитал и драматизацијата на дел од текстот од “Ќерката на математичарот“ од Венко Андоновски. Потоа директорот Атанас Крстовски ги поздрави учениците и наставниците и им честита за сите овогодинешни награди и успеси и на сите наградени ученици им додели благодарници за нивниот допринос во афирмацијата на училиштето.

Благодарници беа доделени на следните ученици:

Од државниот натпревар на електротехнички и машински училишта:
Герасимовски Васко – I место електротехничар енергетичар
Илиевска Елена – III место електотехничар за електроника и телекомуникации
Памела Реџеповска – II место електротехничар за компјутерска техника и автоматика
Душко Јованчев – II место техничар за компјутерско управување
Трајков Даниел – II место автотехничар мехатроничар
Иван Нацев – III место машинско-енергетски техничар
Јасмин Ињазов – I место заварувач
Дарио Петков – II место металостругар

Од меѓународниот гастрономски натпревар :
Бојана Поп-Димитрова – II место дисциплина тестенини
Маја Митева,Анастасија Ѓоргиева и Кристијан Стоимов  – II место дисциплина Црн бокс и III место дисциплина Национално јадење на модерен начин

Од проектот Лидер во струка на Државниот натпревар на угостителско-туристичката струка:

Бојан Јованов – I место во послужување
Ристе Јанев – IV место во готварство

Од МАССУМ натпреварите :

Маја Николовска, Александар Насев и Стојче Речаноски – II место за “Најдобра веб страна”
Теодора Петковска – III место за “Интервју за работа”
Столе Арсов – III место за “Најдобра фотографија”
Лорета Сарафимова, Викторија Китанова, Пане Арсов и Бобан Атанасов – III место за “Најдобра екипа во серва”

Од Државен натпревар по англиски јазик:
Благој Стамболиев – IV место

Од Државен натпревар во училишен спорт:
Мартин Давков, Марио Крстов, Пане Арсов, Павле Стоилев, Бобан Атанасов, Давид Велковски, Кристијан Антонов, Антон Ратков, Денис Јанковски, Драган Анчов, Никола Лазев, Иван Димитровски, Иле Нацев, Мартин Стојанов, Марио Сандевски, Стојан Богдановски, Бојан Миовски, Славче Иванов – II место во фудбал

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *