Презентирање на проект на натпреварот Иновативни производи 2017
Проектот на Памела Реџеповска и Маринела Михајловска од III- 4 клас со наставник-ментор Ивана Стојанова влезе во најиновативните 20 проекти на Републичкиот натпреварот “Иновативни производи 2017” кој е во организација на Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје и Здружение на металурзи на Р. Македонија. Овие 20 најдобри проекти беа презентирани на 12.05.2017 во просториите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.Нашите ученици ја презентираа својата тема “Нанотерминатори” со акцент на примена на истите за лекување на рак. Целта на овогодишниот натпревар е да се мотивираат учениците од средните училишта да ги промовираат своите идеи за креирање на иновативни производи кои не се комерцијализирани, односно не постојат на пазарот и се изработени од следните категории на материјали: полимерни материјали,керамички материјали,метални материјали,композитни материјали,наноматеријали,иновативна храна и пијалоци и текстилни материјали.