Литературен награден конкурс за песна и краток расказ
На 30.04.2014 година се одржа доделувањето на награди на учесниците на МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ на тема „КНИГАТА Е ИЗВОР НА СИТЕ МУДРОСТИ“ распишан од страна на Национална установа –Универзитетска Библиотека „Гоцe Делчев“, Штип по повод 23 април – Светскиот ден на книгата и авторското право.
Во категоријата за возрасни добитник на ПРВО место е ученичка од нашето училиште, Маја Николовска I година под менторство на проф. Сузана Арсова.
Во истата категорија добитник на ТРЕТО место е исто така ученик од нашето училиште, Александар Насев I година под менторство на проф Сузана Арсова