KНИГАТА ОТВОРЕН ПРОЗОРЕЦ КОН СВЕТОТ
На меѓуопштинскиот литературен конкурс за песна и краток расказ „ KНИГАТА ОТВОРЕН ПРОЗОРЕЦ КОН СВЕТОТ“ распишан по повод 23 април – Светскиот ден на книгата и авторското право, од страна на Национална установа – Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“, ученикот Мартин Ристов од II-4 клас под менторство на професор Сузана Арсова го освои второто место во категорија за возрасни. Честитки за ученикот и менторот, со желби за понатамошни успеси!