Фудбалерите на СОУ Коле Нехтенин вицешампиони на Македонија во училишен спорт

На 27.04.2017 година фудбалерите на СОУ Коле Нехтенин го освоија второто место
на Државниот натпревар во училишен спорт. По бројните победи на општински,
зонски и регионални натпревари екипата во фудбал на СОУ Коле Нехтенин дојде до
финалето на Државниот натпревар во училишен фудбал кој се одржа во Тетово.
Натпреварот заврши нерешено и по изведувањето на пенали нашата екипа го освои
второто место на Државно ниво ,што е досега највисок успех на училиштето во овие
натпревари. Ова е дополнителна мотивација за спортистите од нашето училиште за
продолжување на успесите и во иднина. Сребрената екипа на СОУ Коле Нехтенин ја
сочинуваа следните ученици Мартин Давков IV-4, Марио Крстов IV-4 ,Пане Арсов IV-5,
Павле Стоилев IV-2, Боби Атанасов IV-6, Давид Велковски II-9 ,Кристијан Антонов II-
9, Антон Ратков III-9, Денис Јанковски III-9 , Драган Aнчов III-9 , Никола Лазев III-9,
Иван Димитровски III-9, Иле Нацев III-9, Мартин Стојанов III-9 , Марио Сандевски III-
9,Стојан Богдановски III-9, Бојан Миовски III-9 и Славче Иванов III-9 клас.

Leave a Reply

Your email address will not be published.