Амбасадори на позитивна комуникација

Во месец декември 2015 во организација на Младиски клуб Штип и Ученичкиот Совет од нашето училиште се реализираа повеќе активности во рамките на проектот “Амбасадори на позитивна комуникација”.Најпрво на 09.12.2015 се спроведе обука за врснички едукатори на која предавачи беа проф. Лиљана Манова (која работеше на делот за насилството во училиштата и ненасилна комуникација) и Драгана Митровиќ (која работеше на комуникација /информација, комуникациска шема, вербална и невербална комуникација, ефективна комуникација, вештини за презентација).На обуката учествуваа 22 ученика (2 од ученичка организација при СОУ „Јане Сандански“; 9 членови на ученичката организација Ученички совет „Коле Нехтенин“; и 9 други ученици од СОУ „Коле Нехтенин“.Учесниците кои постигнаа добри резултати добија сертификати за амбасадори на позитивна комуникација и како такви во периодот до 20.12.2015 одржаа 6 работилници со други ученици (вкупно 127) и им ги пренесоа сознанијата од обуката. Накрај на 24.12.2015 година се одржа креативна работилница и на истата присуствуваа 16 ученици (дел – „амбасадори на позитивна комуникација“, дел – други ученици од различни класови) и на неа се изработија неколку плакати за позитивна и ефективна комуникација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *