8 награди за СОУ Коле Нехтенин на Државниот натпревар на електротехничките, машински и сообраќајни училишта

Вкупно 8 награди или поточно две први, четири втори и две трети места е успехот што
го постигнаа нашите ученици на 05 мај 2017 на Државниот натпревар на
електротехничките, машинските и сообраќајни училишта. Од овие струки во нашата
земја има 27 училишта, па овој успех на нашите ученици е доказ за континуираниот
квалитет на наставата во нашето училиште. Еве кои се наградените ученици и нивните ментори :
Герасимовски Васко (електротехничар – енергетичар )oд III1 клас освои I – место
Наставници – ментори Спасов Невенчо, Хаџи-Николов Стојан, Максимовски Тони;
Јасмин Иљазов ( заварувач) од III7 клас освои I- место,
Наставници – ментори Виктор Гачев и Жарко Христовски ;
Памела Реџеповска (електротехничар за компјутерска техника и автоматика ) oд III-4 клас освои II -место
Наставници – ментори Симонов Методи, Зоран Поп-Томов, Иванов Александар ;
Душко Јованчев (техничар за компјутерско управување ) од III 5 клас освои II – место,
Наставници – ментори Крлански Борис, Панев Венцислав и Игор Милев ;
Трајков Даниел (автотехничар –мехатроничар) oд III-6 клас освои II –место
Наставници – ментори Станков Драган, Спасов Невенчо и Арсов Владо;
Дарио Петков (металостругар) од II7 клас освои II – место,
Наставник – ментор Момчило Манев
Елена Илиевска (електротехничар за електроника и телекомуникации ) oд III2 клас освои III -место
Наставници – ментори Арсов Владо, Јаневски Љупче, Јордев Сашко;
Иван Нацев (машинско -енергетски техничар ) oд III-6 клас освои III -место;
Наставници – ментори Станков Драган, Наумов Александар и Томе Коловски;

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *