79 годишнина од депортацијата на Евреите во Штип
10.3.2022 год.
Ученичките Вероника Ѓоргиевска и Тамара Николовска под менторство на проф. Сузана Арсова достојно го претставија училиштето СОУ „Коле Нехтенин“ на одбележувањето на 79 годишнината од депортацијата на Евреите од Штип.
Ученичките се претставија со поетски и прозен текст посветен на жртвите од холокаусот. Настанот се одржа во организација на Општина Штип, во присуство на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, претседателот на Еврејска заедница во Република Македонија, Пепо Леви, амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, амбасадорката на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј и други ценети гости.


