5 Октомври – Светски ден на учителот, 20години постоење на Угостителско-туристичката струка
Во пресрет на 5 Октомври – Светскиот ден на учителот, денес СОУ”Коле Нехтенин” Штип одбележува јубилеј, 20 години постоење на Угостителско-туристичката струка. Имавме несекојдневна прилика и чест, наши гости да бидат претставници од националната асоцијација на готвачи “ГАСТРОМАК” и врвни готвачи од поранешните југословенски републики Словенија, Хрватска и Црна Гора. Стево Карапанџа,Изток Легат, Вуко Митровиќ, Драгица Лукин, Томаж Возељ, Жељко Невен Бремец и Џорџе Костиќ несебично пред нашите ученици ги споделија своите животни и професионални искуства.
Г-ѓата Драгица Лукин на крај им порача преку својата професија да ги прошетаат сите земји во светот, да ги проучат и научат туѓите кујни, но пред и над се’ да ја сакаат и негуваат традиционалната македонска храна, затоа што таа го прошетала цел свет, но најубавото сирење, зеленчук, ракија, вино … ги вкусила во Македонија и никаде не е како дома.
На учениците им се обрати и проф.Нако Ташков, основачот на оваа струка во училиштето.
Нашите ученици за гостите ја подготвија надалеку познатата, нашата, штипска пастрмајлија и покажаа и докажаа дека во нашето училиште има што да се научи, подготви и соодветно да се послужи.
Изразуваме јавна благодарност кон г-ѓа Адријана Алачки, претседателка на “ГАСТРОМАК” која беше организатор на денешниот настан.
Честит јубилеј и уште многу успеси во иднина!

































