43. издание на меѓународниот саем ТЕХНОМА и 39-тата изложба на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско истражувачко и креативно творештво – Макинова 2018

Во периодот од 24 октомври до 28 октомври во Спортскиот центар “Борис Трајковски” во Скопје се одржа 43. издание на меѓународниот саем ТЕХНОМА и 39-тата изложба на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско истражувачко и креативно творештво – Макинова 2018.
На самата манифестација учество зедоа и ученици од нашето училиште и тоа: 
Стефан Ефремов со Теслин трансформатор кој претставува генератор на високи напони и служи за прикажување на електромагнетни полиња и нивната корист.
Стефан Јакимовски со “MNC” (машина за гравирање). “MNC” е поедноставена CNC машина која служи за гравирање на дрвени и пластични материјали и со неа се изработуваат различни украси, привезоци, рејлефни мапи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.