21 март – Светски ден на поезијата

21 Март е ден кога се одбележува Светскиот ден на поезијата. Ученици од основните и средни училишта, студенти, професори, библиотекари учествуваа во реализацијата на манифестацијата “Плати кафе со поезија”, која се одржа во „Only Fools and Horses pub – bar & grill“, каде своето испиено кафе го платија со прекрасни напишани стихови.

Интерпретацијата на напишаните стихови од страна на учесниците беше пропратена со звуците на гитара, од страна на Филип Трајанов, ученик во трета година во СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип.

Нашите ученици не пропуштаат ниту една прилика за афирмација на училиштето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *