Хуманитарна акција

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Младинската организација и Училишната заедница при СОУ”Коле Нехтенин” Штип, под менторство на проф. Лиљана Манова, Драгана Љуботенска, Јованка Шалева и педагог Сузана Ефтимова организираа голема хуманитарна акција за собирање облека и парични средства со кои беа обезбедени подароци за децата од ДСУ”Искра”.

Учениците и вработените донираа и покажаа дека за големи нешта е доволно секој од нас да се потруди барем малку, а децата, управата и вработените од ДСУ”Искра” изразија голема почит и благодарност.Продолжуваме со вакви и слични акции и во иднина!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *