Трето место за ученик од нашето училиште на натпреварот Robomac Junior 2022

Нашиот ученик Ненад Атанасовски од IV-4 клас, под менторство на проф. Александра Романова Тасевски се закити со медал за освоено трето место на натпреварот по роботика Robomac Junior 2022 и се здоби со стипендија за студирање на ФЕИТ.

Натпреварот се одржа на Факултетот

за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од 30.11.2022 до 2.12.2022. Покрај натпреварувачкиот карактер, натпреварот имаше и социо-едукативен карактер, каде учесниците проследија низа предавања од професорите при ФЕИТ од областа на роботика и автоматика и со работа во тимови, заеднички решаваа проблемски ситуации со програмирање на роботи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *