Стручно-истражувачка екскурзија

На 19 и 20 април, учениците од I и II година при СОУ„Коле Нехтенин“ заедно со своите наставници ја реализираа стручно-истражувачката екскурзија на релација Вруток – Св.Јован Бигорски-манастирски комплекс Калишта-Струга–Охрид-Кавадарци, предвидена со годишната програма на училиштето. Учениците поминаа прекрасни два дена уживајќи во убавините на Мавровското, Дебарското и Охридското Езеро. Придружувани од добро расположение учениците ја посетија ХЕЦ „Вруток“ каде теоретската настава ја поврзаа со нејзина практичната примена. Стручното лице на учениците им ја објасни работата на хидроцентралата и исцрпно одговараше на поставените прашања. Патувањето продолжи преку Националниот парк „Маврово“ по течението на чистата и живописна река Радика која вијуга во прегратката на планините Бистра и Кораб. Патот водеше кон манастирот Св. Јован Бигорски кој датира од 1020 година, каде од устата на свештеникот учениците разбраа за историјатот и чудата поврзани со ова православно христијанско светилиште.

Придружувани од убаво време во попладневните часови учениците пристигнаа на брегот на Охридското Езеро во манастирски комплекс „Калишта“ каде ги посетија двете пештерски цркви посветени на Богородица и Атанасиј Велики и уште две цркви посветени на Богородица и светите апостоли Петар и Павле. Следуваше прошетка низ преубавата Струга по течението на реката Дрим и покрај Охридското Езеро. Исполнети со убави впечатоци, учениците пристигнаа во прекрасниот комплекс „Мизо“ кој се наоѓа во Охрид на самиот брег на езерото каде удобно се сместија. Следуваше вечера и заслужен одмор.

Утрото донесе насмевки и добро расположение, па после појадокот учениците се упатија на разглед на бисерот на Охридското Езеро, градот Охрид. Учениците уживаа во прекрасниот поглед кон езерото од црквата Св. Јован Канео, се возеа со чамци по кристално чистата вода на езерото и прошетката по Старата охридска чаршија. После ручекот, учениците задоволни и расположени се сместија во високо туристичките автобуси и се упатија назад кон Штип. Во текот на целото патување исцрпни информации за знаменитостите што беа посетени и природните убавини, учениците добиваа од лиценциран водич и придружник на патувањето од Т.А „Црво Експрес“- Штип.

Со надеж за повторно патување, дружење, освојување на нови знаменитости и убави доживувања, учениците го завршија оваа прекрасно патување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *