Проект „Learning Engagement And Democracy”

Уеници од нашето училиште спроведоа еднодневна активност , во која тие беа ставени во улога на носители на одлуки и во текот на еден училишен ден имаа можност да „управуваат со училиштето” и да носат одлуки кои ги засегаат нивните соученици.

Активноста се спроведува во рамки на проектот „Learning Engagement And Democracy” кој има за цел да го унапреди учеството на учениците во процесите на носење одлуки во средните училишта.Преку симулацијата, вклучените ученици поблиску се запознаваа со работата на училишните служби и нивните ингеренции, но и учеа како демократски се спроведувапроцес на носење одлуки, каква улога имаат училишните служби во училишните процеси и значењето на конструктивната дискусија и дијалог.

Учениците изработија предлог програма на тема„ Програма за волонтирање и придонес кон заедницата во рамки на училиштето, наменета за вклучување на ученици во ваков вид на активности”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *