Прво место на МАССУМ 2019

Прво место на МАССУМ 2019 за нашиот ученик Стефан Ефремов и неговиот ментор Лидија Кишишева. Во категоријата Интервју за работа на македонски јазик и во конкуренција на 22 училишта тој освои максимален број на поени и со тоа се здоби со целосна стипендија за прв циклус на студии на универзитетот ФОН од Скопје. Овој успех покажува дека во нашето училиште освен на полето на стручни знаења се работи и на развивање на комуникациски и организациски вештини неопходни за изградување на сестрани личности кои сигурно ќе чекорат на патот кон успешен професионален развој и кариера.

Leave a Reply

Your email address will not be published.