Патронен празник на СОУ„ Коле Нехтенин“- Штип

Во пресрет на 23 Мај –Патрониот празник на СОУ„ Коле Нехтенин“- Штип, денес пред бистата на Коле Нехтенин, во дворот на училиштето, учениците со пригоден реферат и рецитал се вклучија во одбележувањето на празникот.
Пред присутните: директорот на училиштето, проф.Сашко Јордев, наставниците, делегација од Општина Штип, предводена од претседателот на Советот проф.Јане Миланов, претставниците на Армијата на Република Македонија, претставниците од Сојузот на борците- Штип, претставниците на политичките партии и други гости, за ликот и делото на Коле Нехтенин зборуваше претседателот на Сојузот на борците, Трендафил Атанасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.