“Од линеарно до циркуларно” – LEAD

Денес наставници и ученици од нашето училиште присуствуваа на отворен настан со тема „ Од линеарно до циркуларно”,организирано од LEAD-Leaders for Education, Activism and Development. Настанот се одржа во Europe House – Скопје. На настанот се дискутираше за тоа што можеме и треба да направиме за да поттикнеме циркуларност во економијата, размислувањето и образованието.

На настанот беше презентирана програма за поттикнување на образование за циркуларна економија како и споделување на успешни примери за циркуларни иницијативи и за значењето на циркуларната економија, секојдневните навики кои ги градиме, како и поврзаноста на отпадот со циркуларноста и климатските промени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *