Меѓународен Славјански Универзитет во Св.Николе

Денес дел од учениците од завршните класови го посетија Меѓународниот Славјански Универзитет во Св.Николе и се запознаа со студиските програми кои универзитетот ги нуди. Овој универзитет нуди студии на Факултетот за економија и организација на претприемништво, Факултетот за информатика, Факултетот за психологија, Факултетот за безбедносно инженерство и Факултетот за правни науки. Преку интерактивни работилници организирани за секој факултет ,учениците имаа можност да се запознаат со дел од содржините кои се изучуваат на секој од нив. Претходно професори од МСУ беа гости во нашето училиште и ги запознаа учениците од завршните класови со начинот и условите за студирање на овој универзитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *