Литературен конкурс по повод 99-годипнина од раѓањетп на Ацо Шопов

На литературниот конкурс за есеј на тема „Поетските љубови, маки и сонувања по родното место на Ацо Шопов“, распишан по повод 99 – годишнината од раѓањето на Ацо Шопов од страна на НУ-УБ „Гоце Делчев“ Штип, Димитриј Давитков, ученик во втора година при СОУ„Коле Нехтенин“ освои III место во конкуренција на студенти и средношколци-вљубеници и творци на убавиот прозен текст. Доделувањето на наградите се одржа на 21.12.2022 год. во Спомен собата на Ацо Шопов во присуство на бројни истакнати интелектуалци од областа на јазик и литература.

Честитки за ученикот и неговиот ментор Сузана Арсова! Им посакуваме понатамошна плодна и успешна соработка и многу освоени награди.

СОУ„Коле Нехтенин“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *