Квиз на знаења за Европската Унија по повод 9ти Мај

Ширум Европа , денеска се одбележува 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, во знак на сеќавање на завршувањето на Втората светска војна и почетокот на создавање на Европската Унија, пет години подоцна.
За таа цел, денес во нашето училиште на часовите по Граѓанско образование се спроведе квиз на знаења за Европската Унија. Покрај одговарање на поставените прашања, помеѓу блоковите на прашања учесниците во квизот имаа можност да разменат искуства поврзани со ЕУ и да ги споделат своите визии и размислувања за перспективите на нашата држава во ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *