Известување за почеток на учебната 2022/2023
Почитувани ученици,
Ве известуваме дека учебната 2022/2023 година започнува на 1.9.2022 година (четврток).
Наставата за учениците од Електротехничка струка ќе започне во 07:30 часот, додека за учениците од Машинска струка и Угостителско-туристичка струка ќе започне во 13:30 часот.
НАПОМЕНА:Приемот на ученици запишани во прва година ќе биде во училишниот хол во 07:30 часот и 13:30 часот согласно запишаните смени.
На сите ученици им посакуваме успешен почеток на новата учебна година!!!