Еразмус+ проект “Обука за угостителство во Кипар”

Во текот на изминатата недела учениците кои учествуваа на мобилноста од Еразмус+ проектот „Обука за угостителство во Кипар“ реализираа дисеминација на знаењата и вештините кои ги стекнаа за време на обуката во Кипар. Тие извршија неколку презентации пред учениците од прва , втора,трета и четврта година од угостителско-туристичката струка, споделувајќи го со нив своето искуство од работа во туристички резорт Olympic Lagoon Resort во Аја Напа, Кипар. На учениците кои не се запознати со Еразмус проектите им овозможија да стекнат сознанија што сé им овозможува Еразмус програмата на учениците од средното стручно образование. Секој ученик се претстави со своја презентација која ги отсликуваше индивидуалните искуства на секој од нив на различни позиции во рестораните на хотелскиот комплекс. Заедничко за сите беше заклучокот дека Еразмус + проектот „Обука за угостителство во Кипар“ им овозможи стекнување на непроценливо искуство на професионален план и исклучително подобрување на јазичните и комуникациски вештини, што многукратно ја зголеми нивната самодоверба. Се запознаа со културата и убавините на Кипар и стекнаа пријатели од различни земји. Со успешно завршената обука тие се стекнаа со Europass Mobuility , европски документ за усвоени вештини кој ќе ги направи нашите ученици уште поконкурентни на пазарот на трудот низ целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *