Еразмус+ проект “Интегрирање на дигитални содржини и дигитализација во средните училишта”

Во периодот од 05-07 септември 2022 година во Крањ, Р.Словенија се одржа втората тридневна работилница од Еразмус+ проектот „Интегрирање на дигитални содржини и дигитализација во средните училишта“ во кој како партнер е и нашето училиште. Домаќини на настанот беа Универзитетот од Марибор и Школскиот центар од Крањ. Работилницата се однесуваше на споделување на практичните искуства кои овие две институции ги имаат во доменот на дигитализацијата со цел нивна адаптација и имплементација во партнерските институции. Покрај работилниците претставниците на партнерите од проектот имаа можност да се запознаат и со просторно- техничките услови за работа на Факултетот за организациони Науки од Мариборскиот универзитет, лоциран во Крањ и на Школскиот центар Крањ. На работилницата присуствуваа Катерина Стефанова и Лидија Кишишева.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *