Еко активност во рамки на добиениот Грант од МОН

На ден 17.03.2023 година (петок), се реализираше првата заедничка активност-еко активност во рамките на добиениот Грант од МОН за мултиетничка интеграција под раководство на координаторите Жаклина Атова и Абдула Муадини. Учениците од нашето училиште заедно со учениците од партнер училиштето „Сами Фрашери“ од Куманово садеа украсни садници од ниско стеблести зимзелени дрвца во паркот по кејот на реката Пчиња во Куманово. По завршената еко-акција учениците го продолжија дружењето со прошетка низ Куманово и пиење заедничко кафе.

На тој начин беше постигната целта на оваа активност: меѓусебно запознавање и дружење на учениците од различни етнички заедници, но и подобрување на квалитетот на воздухот и борба за поздрава животна средина преку заедничка соработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *