Државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта 

На 6.5.2022 год во ССОУ ,,Коле Неделковски’’ во општина Велес се одржаа XXXIX државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта од нашата држава.
На државниот натпревар учество зедоа и наши ученици од електротехничката и машинската струка.
Ученици кои освоија награди во рамките на електротехничката и машинската струка се:

образовен профил Машински техничар
I награда

  • Дамјан Бојковски III-5 клас (ментор: Атанас Крстовски, Игор Милев, Тоне Петров)

образовен профил Машинско – енергетски техничар
III награда
-Сезар Зекир III-6 клас (ментор: Драган Станков,Томе Коловски, Александар Наумов)

oбразовен профил Техничар за комјутерско управување
III награда
-Дарио Малинов (ментор: Игор Милев, Борис Крлански, Венцислав Панев)

образовен профил Eлектротехничар – енергетичар
III награда

  • Јакимче Павловски III-1 клас (ментор: Стојан Хаџи-Николов, Владо Арсов, Деспина Р. Делипетрева)

образовен профил Електротехничар за електроника и телекомуникации
II награда
-Андреј Гацов III-2 клас (ментор: Николчо Николов, Љупче Јаневски, Методи Симонов)

Учениците Филип Анастасовски и Кристијан Андонов иако не освоија награди беа високо рангирани.

На учениците и нивните посветени ментори им благодариме за афирмацијата на нашето училиште како едно од најдобрите и им посакуваме уште многу успеси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *