Генерација 2018-2022, СОУ “Коле Нехтенин”

Драги наши матуранти, генерација 2018-2022;
Вие сте уште едно јато птици кое полека, но сигурно го напушта нашето гнездо,
уште една успешна генерација која во изминатите години му даде живот на нашето училиште и ги испиша своите страници.
Учевте во време на невреме кога ви беа скратени многу дружење и заеднички мигови, но вие набрзина сфативте дека кога човек не може да ги промени нештата, тогаш треба да ги прифати такви какви што се и да продолжи понатаму.
Животот ќе ви понуди многу можности, искушенија, но и решенија.
Бидете мудри!
Чекорете смело, храбро и одлучно!
Секоја туѓа успешна приказна нека ви биде добар пример, но сепак бидете свои, оригинални, креативни, инспиративни…
Нека ви се остварат сите соништа и планови и секогаш бидете победници!
в.д.директор Јованка Шалева

Можно е да е слика од 1 лице и текст

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *