📚 УПИС НА УЧЕНИЦИ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По објавувањето на прелиминарната листа, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:
- пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари
од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје; - извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
