Јавен повик на МОН за реализација на заеднички ученички активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, мултиетничката интеграција и толеранција

Во текот на 2020/2021г.СОУ”Коле Нехтенин” Штип доби грант 30.000 ден. на Јавен повик на МОН за реализација на заеднички ученички активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, мултиетничката интеграција и толеранција.

Нашите ученици реализираа повеќе активности со кои се промовираа повеќе мултиетнички култури и вредности, позитивна емоционална клима и повеќенасочна комуникација со ученици од партнер-училиштето СОУ”Сами Фрашери” Куманово. Со средствата од грантот набавивме Смарт табла која ќе се користи за продолжување на соработката, активностите и работењето на вакви и слични проекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *