Учи паметно, работи стручно
Под мотото “Учи паметно, работи стручно” денес во Штип се одржа средба на која присуствуваа заменик министерот за образование и наука, директорот на Центарот за средно стручно образование и обука, градоначалниците на општините Штип, Пробиштип и Свети Николе и претставници од бизнис секторот и средните стручни училишта во Штип.
На средбата беа презентирани резултати од анализа на интересот на учениците за запишување во средното стручно образование.
Како клучен фактор за унапредување на средното стручно образование беше истакнато поврзувањето на теоретските знаења со вежби и практична настава во рамките на соодветните производствени капацитети во општините. СОУ”Коле Нехтенин” Штип секоја учебна година бележи тренд на зголемен број запишани ученици и ќе продолжи да работи во оваа насока.
Преку стекнатите стручни знаења и вештини во училиштето и во компаниите каде се изведува практична настава, нашите ученици се конкурентни на пазарот на трудот, а тоа е основен предуслов за нивна финансиска стабилност и независност во иднина.
в.д.директор Јованка Шалева