Учество на наши ученици во Културна програма по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајните несреќи

По повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајните несреќи, на 18.11.2022 год. во рамките на Културната програма организирана од НУ-УБ “Гоце Делчев” Штип учествуваа нашите учениците Димитриевска Марија од I-3 Стоилова Илина I-4, Донев Филип и Коцев Тео од II-3. Преку пишан збор, тие со тага го оживеаја кобното ноемвриско утро кога на асфалтот пред СОУ„Коле Нехтенин“, поминувајќи на пешачки премин, во сообраќајна несреќа згасна младиот живот на Седат Мустафа.

Испраќаме силна порака:”Никогаш, никаде и никому да не се повтори!”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *