Учество на нашето училиште на традиционалната ноќна трка по повод “8 Ноември”
По повод празникот “8 Ноември” денот на ослободувањето на град Штип, денес се организираше традиционалната ноќна трка во централното градско подрачје со старт и цел на потегот од градската црква “Св Никола” до Гимназијата “Славчо Стојменски”. На оваа трка учество зедоа и ученици од нашето училиште.
Во конкуренција за прва и втора година ученичката Андонова Ева од II-3 клас го освои првото место.
Во конкуренција за прва и втора година ученичката Андонова Викторија од I-4 клас го освои второто место.
Во конкуренција за трета и четврта година ученичката Нанева Елеонора од IV- 2 клас го освои третото место.
Честитки за учениците и менторот и многу успеси понатаму!


