Успешно положен завршен испит по практична настава!

На 20.6.2022г.матурантите од угостителско-туристичката струка при СОУ”Коле Нехтенин” Штип, профил келнер/готвач успешно го положија завршниот испит по практична настава.

Тие подготвија вкусни предјадења, главни јадења, десерти, салати и сл. и уште еднаш докажаа и покажаа дека од нашето училиште учениците си одат спремни, со занает во рацете кој понатаму ќе им го трасира патот низ животот.

Нашите ученици од оваа струка ќе ги сретнете во многу ресторани и угостителски објекти како врвни готвачи и келнери и тоа не само во Македонија туку и пошироко.

Честитки за учениците и нивните наставници Горан Антониевски, Јулијана Саздова и Митко Коцев кои низ годините наназад редат само успеси!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *