Успешна приказна од нашето училиште!

Денес споделуваме успешна приказна од нашето училиште!

По повод 16 години постоење на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во рамки на патрониот празник, беа наградени осумнаесет најдобри дипломирани студенти за 2022 година. Меѓу нив се наоѓа и нашата ученичка, Памела Реџеповска, која има дипломирано како инженер по компјутерски науки со највисок просек 10.

„Ова признание ми е од особена значајност бидејќи моите почетоци беа токму во СОУ „Коле Нехтенин“. Верувам дека денес немаше да бидам таму каде што сум со досегашните достигнувања ако не го изберев ова училиште пред осум години. Целокупното четиригодишно искуство ми беше одличен вовед во светот на технологијата и програмирањето и ми даде јасен патоказ за мојата кариера. Секогаш ќе им бидам благодарна на моите професори кои ми беа неизмерна поддршка и ме учеа како секогаш да барам решение, без оглед на висината и тежината на задачата. Училиштетото е институција која ќе ви даде незаборавни и уникатни искуства кои ќе ви послужат и во најнеочекуваните ситуации. Јас сум само еден од мноштвото примери дека ова училиште ви ја дава потребната основа за развој и во професионалниот и во личниот живот. Да треба повторно да изберам средно училиште, нема ни да размислувам двапати, мојот избор секогаш ќе биде СОУ „Коле Нехтенин“- изјави Памела.

Честитки Памела и уште многу успеси во понатамошниот живот кариера!

Можно е да е слика од 1 лице, стоење и внатре

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *