Универзитет од Нова Горица од Словенија

Денес презентација пред учениците од завршните класови одржа Универзитетот од Нова Горица од Словенија. Учениците имаа можност да се запознаат се условите за студирање во Нова Горица , кои факултети можат да се одберат на овој универзитет, какви се условите за сместување и студентско живеење во Словенија. Презентери на универзитетот беа професорката Вероника Пицинини и студентката Ангела Стојанова ,која е наша поранешна ученичка. Ангела го сподели сопственото искуство за придобивките од студирањето во Словенија и ги охрабри учениците да не се плашат од студии на друг јазик во странство,затоа што кога се сака ,сé се постигнува. Според професорката Пицинини нашите ученици кои веќе студираат на овој Универзитет се меѓу најдобрите студенти на Универзитетот што го потврдува квалитетот на знаења кои се стекнуваат во СОУ „Коле Нехтенин“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *