Турнир во League Of Legends
Натпреварувачкиот дух, умешност и истрајност кој владее во нашето училиште повторно се круниса со освоено ПРВО место.Нашите ученици Дарио Ристов, Дарко Стаменов, Давид Јанакиевски, Драган Анев, Бојан Трпчев и Лео Лазаров, под менторство на проф. Александра Романова Тасевски, беа најуспешните натпреварувачи на турнирот во League Of Legends кој се одржа на 14.10.2021.
Турнирот беше организиран од страна на Македонската Е-спорт Асоцијација – МЕСА, а поддржан од Националната Агенција на Македонија и ЕРАЗМУС + и траеше 12часа.Училиштето им честита за успехот и им посакува уште многу други успеси на секое поле!
