Тридневна работилница за е-учење во Хрватска во рамките на проектот ERASMUS+ Integrating Digital Content and Digitalization of Educational Content
Во периодот од 25 – 27 мај 2022 година во Р. Хрватска беше организирана тридневна работилница за е-учење во рамките на проектот ERASMUS+- Integrating Digital Content and Digitalization of Educational Content. Работилниците се реализираа на Факултетот за информатичка технологија (VSITE) во соработка со техничкото училиште TESLA во Загреб. Учесниците од 10 партнерски институции, меѓу кои и претставници од нашето училиште, имаа можност да се запознаат со алатките за дигитализација кои се користат од страна на Факултетот за информатичка технологија (VSITE) во Загреб. На оваа прва работилница во Загреб, од нашето училиште учествуваа наставниците Катерина Стефанова, Томе Коловски и Ивана Стојанова. Работилницата беше посетена од страна на Македонскиот Амбасадор во Р. Хрватска, Милаим Фетаи, кои ги охрабри образовните институции да продолжат со унапредување на соработката меѓу институциите и дигитализација на образованието.



